Дали е здраво да пиете флаширана вода? Одговорот на ова прашање го дава руската нутриционистка Наталија Денисова. Сите знаеме дека внесувањето на вода во нашиот организам е многу здраво, а експертите многупати досега зборувале за тоа дали треба да пиеме вода од чешма или пак од шише.

Флашираната вода сама по себе е здрава и проверена, но руската нутриционистка Наталија Денисова предупредила дека во еден случај таквата вода може да биде лоша по нашето здравје.

„Водата која се продава во продавниците е проверена и безбедна. Меѓутоа, доколку во продавницата сончевата светлина директно паѓа врз полиците каде што стои флашираната вода, тогаш пластиката се загрева.

Доколку амбалажата за вода е направена од евтина пластика, тогаш тоа претставува проблем. Постои ризик дека во тој случај штетните супстанции, вклучувајќи ги и полифенолните соединенија ќе се испуштат во водата“, вели нутриционистката, па додава:

„Доколку постојано пиете таква вода, со текот на времето ќе се појават и негативни последици по здравјето. А, доколку водата е газирана и ризикот е поголем. Во тој случај сончевата светлина дополнително го зголемува ризикот од испуштање на штетни супстанции од пластиката во водата“, порачала нутриционистката.

Совет: Поради овие потенцијални опасности, нутриционистката вели дека најздраво е да пиете вода од чешма прочистена преку филтрирање.