Направете ја оваа едноставна и вкусна Босанска погача – листара. Самото име го добила по тоа што кога ќе ја прекршите се листа, односно се дели на листови и испаѓа како лисната погача. А највкусна е додека сеуште е топла. Поготово ќе ја обожавате во комбинација со домашно полномасно сирење.
Состојки:
- 1 кг брашно (половина меко, половина тврдо брашно)
- 1 прашок за пециво (или сода бикарбона)
- 1 мала лажичка сол
- 1 шолја кисело млеко
- млака вода по потреба
*Пожелно е брашното да го пресеете пред да го додадете
Припрема:
Во голем сад ставете го пресеаното брашно, прашокот за пециво и солта. Промешајте и потоа додадете го киселото млеко заедно со млаката вода. Добро измешајте ги состојките и замесете меко тесто.
Ставете го замесеното тесто на дрвена работна површина поросена со тенок слој брашно и размесете го тестото ос повремено премачкување со масло. Повторете го овој процес неколку пати.
На крај, направете ја посакуваната форма на погачата и ставете ја во претходно подмачкано плехче. Ставете ја вака подготвената погача во рерна и печете на 180 степени, се додека не зарумени.
* Маслото можете да го замените со стопен путер, вкусно е и со двете комбинации.

























