Како да го прочистите телото од загадениот воздух и да ги исфрлите штетните честички – Еве што треба да пиете!

Честичките од загадениот воздух влегуваат во крвта на човекот и влијаат многу лошо, без оглед дали органски или неоргански, а детоксикација не доаѓа предвид.

Ефектите се различни – оние честички што настануваат од согорување и се од органско потекло ги поврзуваат со канцерогени својства – 20-30 отсто од честичките се канцерогени, а останатиот дел механички ги оштетува белите дробови.

Фармацевтите и некои од пулмолозите велат дека не е се така црно со нашите бели дробови во услови на загаден воздух – некои од штетните честички може да бидат елиминирани од организмот преку црниот дроб и бубрезите!

Важно е само да се пијат доволно вода и чаеви за да ги прочистите белите дробови!

Препорачани чаеви со кои може да исфрлите дел од штетните честички од белите дробови :

  • особено од лист од подбел,
  • мајчина душица,
  • риген,
  • жалфија…

Внесувањето многу течности помага за детоксикација

Особено го препорачуваат чајот „хелабсин микс“, кој е мешавина од наши лековити растенија. Овој чај неверојатно ја стимулира функцијата на црниот дроб, со што се подобрува и елиминацијата на отровите.

А за дишните патишта, важно е, посебно скопјани, да пијат чаеви од лист од подбел, може и од мајчина душица, риген, цвет од бозел и од невен, лист од тегавец, како и босилек.

Kога треба да се искашла слузта, може да се пие и чај од јаглика, лист од лопен, кој го подобрува искашлувањето, а може и липа и жалфија, кои го намалуваат воспалението и го олеснуваат дишењето – и најбитно од се е граѓаните кога можат, да излезат надвор од загадените градови.

Advertisement