Нашите баби знаеле во што се крие тајната на највкусното тесто. За да биде воздушесто и меко, заслужна е само една состојка што често забораваме да ја додадеме.
Ставете прстофат сода бикарбона и ќе ги добиете најмеките пишии! Домашните пишии се одлични за појадок, ужинка или оброк за носење на работа. А толку се едноставни за правење, ништо комплицирано, се меси тесто, се сука, пржи и на крај се ужива во прекрасниот вкус.
Така, на лесен и брз начин, добивате мирис и вкус кој освојува со својата едноставност! И се разбира, буди спомени на едно прекрасно детство!
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 300 мл. млака вода
- 2 лажици масло
- 1 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка шеќер
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
Се замесува тестото од сите состојки. Се дели на 13-15 топчиња и секое од нив се расукува во мала кора. Се оставаат да постојат 15 минути и се пржат во тава на малку масло…
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























