Брза еурокрем торта од само четири состојки – гостите никогаш нема да погодат од што е направена! Плазма бисквити во комбинација со еурокрм е секогаш одлична комбинација.

Многу едноставно и лесно се подоготвува, а децата ќе ја обожаваат, ниту пак возрасните ќе останат рамнодушни!

СОСТОЈКИ:

  • 300 гр мелени плазма бисквити
  • 200 гр еурокрем
  • 1 кг шлаг
  • 750 мл газирана вода

ПОДГОТОВКА:

Изматете 400гр шлаг со 300мл газирана вода. Кога ќе добиете цврст шлаг, додадете мелени плазма бисквити и добро промешајте.

Добиената смеса ставете ја во сад за сервирање, па обликувајте како кора со димензии по ваша желба.

Потоа, повторно изматете 400гр шлаг со 300 мл газирана вода. Во овој шлаг додадете го еурокремот. Добро премашјте и со добиениот крем премачкајте го првиот слој.

Преостанатите 200гр шлаг изматете ги со 150 мл газирана вода. Со добиениот шлаг премачкајте ја целата торта, одозгора и од страните. Декорирајте по желба.