Познат руски доктор советува: Еве како да спречите воспаление на белите дробови

Кашлица, течење од нос, болки во грло и треска: симптомите честопати се слични кога ќе се почувствувате болни. Поради тоа е тешко да се разликува вирусна од бактеријална инфекција.

На прв поглед, симптомите на новиот коронавирус се слични на оние кои ги знаеме од вообичаената настинка или грип.

Вообичаените симптоми на коронавирус вклучуваат:

-Течењето од нос и болките во грло се типични знаци на инфекција на горниот респираторен систем. Оттука, оние кои киваат или шмркаат најверојатно имаат грип или обична настинка.

-Со оглед на тоа што новиот коронавирус најчесто го напаѓа долниот респираторен тракт, најголемиот дел од инфицираните имаат сува кашлица, недостаток на здив или пневмонија, но не и болки во грлото.

Многумина од инфицираните со новиот вирус на почетокот нe покажуваат никакви симптоми. Според германскиот институт „Роберт Кох“, новиот вирус има период на инкубација од 14 дена. Доколку не сте сигурни од што боледувате, консултирајте се со лекар.

Најголем страв кај сите нас е воспаление на белите дробови во текот на коронавирусот. Меѓутоа, рускиот доктор Евдокименко советува што да правите како превенција. Коронавирусот примарно ги погодува белите дробови, поради тоа д-р Евдокименко советува зголемување на имунитетот, односно јакнење на белите дробови.

Овој доктор смета дека животинската маст е неопходна за целосно функционирање на белите дробови. Не растителната маст, туку животинската, поради тоа што белите дробови се орган кој зависи од маста и доколку нема доволно тој страда.

А, особено доколку сте на диета која подразбира скратување на мастите. Поради тоа докторот советува да јадете од 10 до 30 грама путер дневно или пак свинска маст. Докторот исто така советува и јакнење на имунитетот со сок од алое вера.

Доколку се појави кашлица, докторот вели да консумирате: сок од алое вера, мед, путер (сето тоа да го помешате и да добиете смеса која ќе ја консумирате по 1 лажичка или пак 2 лажички во текот на денот).

Напомена: Смесата користете ја од 3 до 5 дена. Доколку поради некоја причина не можете да користите сок од алое вера, тогаш за превенција може да консумирате повеќе вода во текот на денот, најдобро топла.

Познато е дека стравот и стресот го намалуваат имунитетот поради тоа докторот советува да внесувате помалку негативности во животот, гледајте помалку вести и опуштете се колку што можете.

Исто така сонот е неопходен – здрав сон!

Овој доктор советува и дека единствено на овој начин може да го разликувате грипот од коронавирусот:

– Грипот започнува со грозница, болка во зглобовите, а потоа главоболка и кашлица.

– Коронавирусот започнува со болки во грлото 2 до 4 дена, а потоа се појавува сува кашлица, недостаток на здив, па дури и губење на сетилото за мирис.

Напомена: Доктор Евдокименко дава совет само за превенција и не препорачува сами да се лекувате доколку почувствувате симптоми на коронавирусот – најдобро е да се консултирате со доктор!

Advertisement