Во есента го добиваме плодот кој е многу здрав и ценет кога станува збор за хранливи материи, минерали и витамини.

Како и другите јаткасти плодови и костенот содржи масти, но во многу помала количина. Не дебелее и содржи витамини кои одлично делуваат врз организмот. Здрава количина од костен дневно, за да ги добиете сите негови позитивни својства, изнесува 85 грамови.

ХРАНЛИВИ СВОЈСТВА НА КОСТЕНОТ
Костенот содржи само 1 грам масти и помалку од 70 калории на 30 грама. Содржи и витамин Ц, со што е посебен и по што се издвојува од другите јаткасти плодови. Дневната доза од 85 грама костен содржи дури 45% од дневните потреби на организмот за витамин Ц.

Изобилува со фолати, што инаку е карактеристика на спанаќот и другите зелени листати зеленчуци. Освен витамин Ц содржи и витамини Б1, Б2 и Б6 и фолна киселина. Таа е заслужна за формирање на црвени крвни зрнца и за синтеза на ДНК. Ова е особено добра храна за бремени жени, бидејќи спречува појава на аномалии кај фетусот.

Со консумација на костените, во организмот ќе внесете и важни материи како влакна, магнезиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк и калиум. Со помош на диеталните влакна од костените, ќе го намалите и нивото на лошиот холестерол.

Од костенот може да се прави брашно и пире, бидејќи исто како лешникот и бадемот, нема глутен. Од друга страна, има поголем процент на скроб, па со тоа е посличен на компирот и пченката.

КОСТЕНОТ КАКО ЛЕК
Овој плод можете да го јадете варен, печен, како пире или приготвен во чај. Во било кој облик, ќе го почувствувате неговиот интересен вкус и ќе ги добиете сите нутритивни вредности.

ЧАЈ ОД КОСТЕН
Костенот е познат по тоа што помага кај дигестивни и бубрежни тегоби. Чајот од костенот помага исто така, кај астма и бронхитис.

ДИВ КОСТЕН ЗА ВЕНИ
Многу е важно да се разликуваат дивиот од питомиот костен, бидејќи дивиот не е за јадење. Без разлика, од него се приготвуваат разни тинктури и креми, бидејќи е многу лековит. Дивиот костен како лек се користи при проблеми со проширени вени и испукани капилари, кај хемороиди, болни менструации и зголемена простата.

КОСТЕНОТ ГО ЧУВА СРЦЕТО
Во костенот се наоѓа високо ниво моно-незаситени масти, како што се олеинска и палминска. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат да се намали нивото на холестеролот.

НАМАЛУВААТ ОТОЦИ
Костенот има својство да ја исфрла вишокот вода од телото, па со тоа помага кај бубрежни и желудочни тегоби. Помага при циркулацијата и протокот на храната низ цревата, како и на водата.

ДЕЛУВА ПРОТИВВОСПАЛИТЕЛНО
Поради своите протввоспалителни својства, костенот е исеална намирница за луѓето кои патат од артритис и реума.