Понекогаш трпиме многу работи и се трудиме за луѓе кои воопшто не го ценат тоа. Затоа треба многу да се внимава со какви луѓе ни поминуваат животите и да бидеме свесни колку вредиме. Оваа поучна приказна ќе ви го докаже токму тоа. Еве од што се состои „вредноста на човекот“. 

Еден стар татко имал син единец. Тој знаел дека син му е премногу добар и дека луѓето лесно ќе можат да ја искористат неговата добрина.

Кога старецот се разболел и легнал во постела решил да му ја даде последната и највредна лекција на својот син.

Таткото пред да почине му рекол на својот син: Овој саат е од твојот прадедо стар е повеќе од 200 години. Но пред да ти го подарам сакам да отидеш со него на првата улица кај саатчијата и кажи му дека сакаш да го продадеш ивиди колку му е цената. Синот се вратил и вели дека саатчијата му рекол дека часовникот е многу стар и не работи за тоа може да му даде само 5 $.

Татко му му рекол да отиде сега кај некој коликционер на стари работи.
Синот се враќа радосен и вели, татко колекционерот ми дава 5000 $ за овој саат.

Тогаш татко му вали да отиде сега во музејот и да го продаде саатот.
Синот се враќа радосен и вели дека во музејот дошол стручнак за стари часовници и проценил дека обој часовник вреди неверојатни 1 000 000$.

Тогаш татко му се насмевнал и му вели на синот:

‚‚Синко со тоа сакав да ти докажам дека само на вистинското место може автентично да се одреди твојата вредност!

Затоа не се поставувај на погрешно место па да си мислиш дека не вредиш! Затоа што тој што ја знае твојата вредност, тој и ќе те почитува!

И запомни синко, никогаш не се задржувај на места каде што не те ценат!‘‘