Посебен рецепт за гравче кој го користат Хиландарските монаси – Мора да го пробате, ова е најубавиот рецепт од Света Гора!

Рецептот што го користат монасите во Хиландарскиот манастир е навистина нешто посебно и дефинитивно треба да го испробате!

Гравот е една од многуте омилени јадења – лесен е за подготвување, хранлив и здрав за јадење.

Хиландарските монаси за да подготват гравче, користат:

  • грав,
  • вода,
  • маслиново масло,
  • кромид,
  • домати,
  • мелен пипер,
  • бибер,
  • сол и
  • сушени зачини.

Подготовка:

Требете го и измијте го гравчето, ставете во тенџере и сипете онолку вода колку што е потребно за да го покриете гравот. Гответе на висока температура и внимавајте да не загори.

Додека гравот се готви, направете ја запршката. Во тава ставете маслиново масло и неколку глави крупно сечен кромид и пржете ги. На крај динстајте го кромидот а потоа додадете ги исецканите домати, мелениот пипер и зачините.

Во зготвениот грав истурете ја запршката и добро измешајте додека се соединат. Во загреана рерна ставете да се пече. Печете додека не се фати коричка одозгора.

Advertisement