Подобрете го имунитетот со оваа витаминска бомба – Неопходен напиток за оваа сезона!

Коренот од ѓумбир е богат со важни витамини и минерали, а содржи и специјални фитонутриенти, гингероли кои имаат силни антиинфламаторни својства и ја потикнуваат работата на крвотокот и варењето на храната.

Покрај големата количина на витамин Ц, содржи магнезиум, калциум, железо, фосфор, калиум и натриум. Од друга страна, куркумата дури има и антиканцерогена активност. Постојат многу причини да го направите овој пијалок.

Состојки:

  • свеж ѓумбир (околу 4 см)
  • свежа куркума (околу 4 см)
  • 1 лимон
  • 1 голем прстофат бибер (за куркумата да има ефект)
  • свеж сок од портокал по желба

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот со помош на лажица, но можете и со нож. Потоа излупете ја куркумата. Но, ставете ракавици затоа што овој жолт корен може да ви ги обои прстите. Изрендајте ја куркумата и ѓумбирот.

Исцедете сок од лимон, и додадете ја куркумата и ѓумбирот. Во здравиот пијалок додадете уште прстофат бибер. Ако пијалокот ви е премногу кисел, можете да додадете малку сок од портокал или мед.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ