Пијалок за детоксикација кој истовремено ќе ве ослободи од целулитот и вишокот килограми

Најголемите женски проблеми, целулитот и вишокот тежина може да се расчистат со само еден пијалок, што ќе го забрза метаболизмот и процесот на топење на вишокот маснотии.

Внесувањето на течности е главниот фактор во губење на тежината и решавање на целулитот особено ако внесувате течности во форма на пијалоци за детоксикација.
Пијалоците за детоксикација се одлични бидејќи нивниот ефект е брз, и многу лесно се подготвуваат во нашата кујна. Покрај тоа што помага да се исчисти телото одвнатре, а кожата веднаш ќе забележи промена, односно по детоксикација, кожата ќе биде сјајна и затегната.

Пијалок од целер

Ова е еден од најпопуларните пијалоци за детоксикација, а популарен е токму поради неговата ефикасност. Целерот е богат со растителни влакна, минерали магнезиум и фосфор, витамини К, Б и Ц. Тој е исклучително добар за здравјето, има антиинфламаторно дејство, ги штити срцето и крвните садови, бубрезите и помага во намалување на високиот крвен притисок, ја зголемува плодноста и ја враќа енергијата.

Состојки за подготовка:

  • 3 стебленца целер
  • 200 милилитри вода

Подготовка:

Пијалокот може да се направи во соковник или во цедалка. Се препорачува соковник. Ако не може да се исцеди доволно во, пијалокот може да се цеди преку газа, а потоа да се разреди со дополнителна вода. Се препорачува да се консумира секое утро на празен стомак.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ