Постојат некои жени кои сакаат да изгледаат помлади и кои можат да го сторат тоа исклучиво со избирање соодветна облека. Од друга страна, има и дами кои, поради лошиот избор на облека, изгледаат многу постари отколку што се, без воопшто да имаат намера за тоа.
Откријте со која гардероба и додатоци се создава перцепција дека сте постари отколку што сте, и откријте со што можете да ги замените.
1.Плетена облека со комплексни шеми
Треба да бидете многу внимателни со плетената облека. Парчиња со едноставна шема се дефинитивно во тренд, но ако имаат малку посложена шема, тие претежно изгледаат старомодно.
2. Премногу накит
Долгите ѓердани со многу скапоцени камења прават да изгледате многу постаро отколку што сте. Истото важи и ако носите многу прстени. Тоа ги прави вашите раце да изгледаат поголеми и го одвлекува вниманието од другите адути.
3. Широка облека
Многу жени носат лабава облека за да ги сокријат наводните недостатоци на нивната фигура. Денес ја носат и витки жени, што понекогаш може да додаде и години, особено ако не ги земаат предвид пропорциите. Добро е ако облеката ви е широка на рамената и нозете, но пожелно е да биде тесна околу половината.
4. Вреќасти торби
Вреќастите торби не се ин. Наместо тоа, изберете ги оние едноставни геометриски форми кои привлекуваат внимание кон вашата фигура и одговараат на повеќето комбинации што ги носите. Исто така, внимавајте да не купувате ташна со многу украсни детали. Во овој случај, помалку е повеќе.

























