Оваа билка ги решава сите женски здравствени проблеми – може да се пронајде на секој чекор

Вркута (лат. Alchemilla vulgaris.), позната и како бисерок, моминска наметка. Името и’ потекнува од арапскиот збор alkemelych, алхемичар, а го добила од страна на старите писатели поради своите лековити својства.

Древните народи верувале дека вркутата е најефикасна ако се собира во текот на ноќта, кога месечината е во последната четвртина. Уште од Средниот век е позната како универзален лек за сите женски болести.

Ова растение содржи флавоноиди, органски киселини, танини, фитостероли, салицилна киселина, етерични масла и изобилство на витамин Ц. Поради танинот има горчлив вкус, но и анти-воспалителни и антибактериски ефекти.

Сепак, најмногу помага при женските болести. Вркута е најдобар природен лек за неплодност. Делува како регулатор на хормони, го стимулира растот на прогестеронот и го регулира менструалниот циклус.

Покрај тоа, помага при вишок килограми и полицистички јајници. Се препорачува при повреди по породувањето и опоравувањето. Се користи и при болни менструации.

Најновите научни истражувања покажуваат дека вркута го спречува растот на многу видови бактерии, особено стафилокок-бактерија која станува отпорна на многу антибиотици. Има и антивирусни својства, помага при заздравувањето на раните.

Вркута помага при:

  • Крварење
  • Каснувања од инсекти
  • Гадење и повраќање
  • Егземи и дерматитис
  • Воспалено грло
  • Блага дијареа, особено кај малите деца
  • Гихт и реума
  • Хемороиди
  • Чир

Кај женските болести помага при:

  • Болни, неправилни менструални крварења
  • Воспаленија и болести на грлото на матката
  • Ослабени мускули и сврзно ткиво на матката по породувањето
  • Цисти
  • Симптоми на менопауза
  • Пубертетски проблеми
  • Го олеснува породувањето
  • Помага при воспаление на јајниците, габични инфекции, хормонални нарушувања, неплодност
  • Се користи при болести предизвикани од ХПВ

Личности кои имаат компликации со жолчното ќесе, желудникот и црниот дроб треба да внимаваат со дозирање. Вркута не се препорачува на бремени жени, доилки.

Личности кои земаат ацетилсалицилна киселина, односно аспирин, андол, или некои други средства против згрутчување на крвта, треба да се консултираат со својот лекар пред да го користат ова растение.

Advertisement