Како да се ослободите од грижата, стресот, депресијата и стравот: Оваа едноставна јапонска метода делува за 5 минути

Иако одредената количина на стрес во нашите животи е нормална и неизбежна, претераниот стрес може да влијае врз вообичаените секојдневни активности, да го намали квалитетот на живот и да го наруши здравјето, пишува “Bright Side”.

Постојат разни методи за намалување на стресот, од кои некои се краткорочни, некои долгорочни, а некои бараат повеќе труд и време. Ние ви претставуваме една одлична јапонска метода која делува веќе за 5 минути, а се сведува на масажа односно стисок на прстите на раката.

Секој прст на раката е носител и претставник на разни емоции:

  • палецот помага во борбата со емоциите како грижата и тегобите
  • показалецот помага во борбата со стравот
  • средниот прст помага во контрола на бесот
  • домалиот прст помага во борба со депресијата
  • малиот прст ги зголемува оптимизмот и самодовербата

За практикување на оваа техника важно е да разберете дека секој од прстите на нашата рака претставува различно чувство или став.

Како функционира? За да ја усогласите животната енергија во телото, земете го прстот со спротивната рака и замотајте ги сите прсти и палецот околу него. Држете го секој прст една до две минути, а ќе знаете дека делува кога ќе почувствувате пулсирање.

За да го смирите умот, притиснете ја средината на дланката со палецот на спротивната рака и држете најмалку една минута. Вежбајте ја оваа техника секој ден за да останете мирни и повторно да ја воспоставите рамнотежата во вас.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ