Состојките на оваа маска имаат феноменален ефект врз косата. Тие длабоко го обновуваат и го забрзуваат растот.
Ако редовно ја користите оваа маска, косата ќе се регенерира. Ќе биде помека, поздрава, но исто така ќе расте многу побрзо. Главната состојка е квасецот што го стимулира коренот на косата и е главен виновник за подобрување на квалитетот на косата.
За максимални резултати, користете ја маската 2 пати неделно, во рок од 2 месеци. По овој временски период ќе забележите дека испуканите и суви краеви ги нема и влакната се многу посилни.
Потребни состојки:
- 20 гр свеж квасец
- 1 лажица мед
- 1 лажица млеко
Маската се подготвува на следниов начин:
Растворете 1 лажичка мед во 1 лажица топло млеко, а потоа додадете 20 гр свеж квасец или 7 гр сув квасец. Оставете на топло место да ферментира 15 до 20 минути.
Нанесете ја добиената мешавина на чиста и влажна коса. Завиткајте во најлонска кеса и крпа. Оставете ја на главата еден час (може и до 2 часа, колку подолго, толку подобро). Потоа измијте ја косата со топла вода.
Габите од квасец ја зголемуваат количината на витамини, протеини и минерали неопходни за раст на косата. Хранливите материи се апсорбираат во фоликулите на косата и ја зајакнуваат оштетената коса.

























