Неколку причини зошто треба да јадете повеќе праски

Освен што нè освежуваат, праските влијаат позитивно на нашето здравје и го подобруваат имунитетот на организмот.

Одвоивме неколку интересни факти и причини зошто треба секој ден да јадете праски.

Една просечна праска содржи 58 калории, полна е со протеини, витамини Ц, А, Е и К, манган, влакна, железо и калиум. Богата е со антиоксиданси и поволно влијае врз кожата.

1. Ги намалува алергиите

Состојките во праските поволно влијаат на оние кои се борат со летните алергии, особено со поленот од трева присутен во воздухот. Кога телото е изложено на алергени ослободува хистамин, хемикалија која настојува да му помогне на организмот во одбрана од алергени. Но, истовремено хистаминот предизвикува непријатни симптоми на алергија како чешање, кивање и кашлица.

2. Го намалува нивото на шеќер во крвта

Праските често се препорачуваат како дел од оброците на дијабетичарите поради способноста на снижување на шеќерот во крвта.

3. Го подобруваат имунитетот

Редовното јадење праски може да влијае на создавање поотпорен имунитет на организмот, бидејќи содржи антиоксиданси, витамини и минерали. Посилен имунитет помага во полесно носење со сезонски настинки, но и други болести.

4. Ја подобрува кожата

Во кремите за лице и тело има добра причина зошто има екстракти од праски. Одредени состојки од праските ја подобруваат способноста на кожата да ја задржува влагата, а со самото тоа кожата е позатегната. Во алтернативната азиска медицина цветовите од праска се користат за ублажување на изгореници од сонце.

Advertisement