Нутриционистите тврдат дека храната е показател за доминантно чувство, бидејќи луѓето посегнуваат по одредена храна, во зависност од тоа која емоција преовладува.
За време на еволуцијата, луѓето се смениле на многу начини, но не и во темпераментот и чувствата. Кога станува збор за емоциите, сè уште важи поделбата на среќа, тага, гнев и вознемиреност, што ја поставил Хипократ пред 2.500 години.
Водени од овие детерминанти, современите експерти, невронутриционисти откриле дека со одредена храна, лошата емоција може да се „претвори“ во добра и да ја задржи позитивната.
За тага – чоколада
Во состојба на тага, ние спонтано избираме таканаречена тугофилна храна, која вклучува масти, слатки и житни култури. Телото треба да се снабдува со храна што го стимулира производството на серотонин, хормонот на среќа и задоволство.
Јадете чоколадо кога сте тажни, но малку. Сепак, во консумирањето на масти и слатки не треба да се претерува, бидејќи храната со висока енергија е концентрирана во јаглени хидрати кои создаваат чувство на добро расположение за кратко време, и може да доведе до губење на контролата врз внесот на калории и дебелина.
Подобро да набавите житни култури. Треба да се даде предност на житарките и производи од цели зрна, бидејќи тие одржуваат ситост подолго време, но и добро расположение.
За среќа – зеленчук
За да ја зачувате среќата и радоста, како најпосакувано чувство, треба да јадете овошје и зеленчук, бидејќи ова се најздравите намирници. Кога преовладува гневот, во телото се создава вишок на хормон норепинефрин. Неговата активност може да се неутрализира со внесување млеко и млечни производи, како што се сирење, јогурт, кефир. Тоа го поттикнува гаснењето на оваа негативна емоција.
Јогуртот и сирењето го гаснат гневот
Оваа храна во мозокот влијае на активирање на супстанции што ја инхибираат лутината и доведуваат до смиреност.
Во состојба на вознемиреност и летаргија, се препорачуваат риби и месо. Мисиркиното и пилешкото бело месо имаат предност, но исто така јагнешкото и телешкото ја намалуваат вознемиреноста и го креваат доброто расположение. Моќните омега 3 масни киселини од рибите ја отстрануваат летаргијата, ги враќаат позитивните емоции и ги штитат крвните садови во мозокот.

























