Потеклото на леќата не е утврдено, бидејќи сеуште не е пронајден нејзиниот див вид, но се смета дека нејзината татковина е југозападна Азија, од каде што се шири низ Медитеранот и Европа. Леќата се споменува во Библијата.
За Евреите, леќата била главна храна во заробеништвото во Вавилон. Леќата како стара култура, ја знаеле античките Грци, Римјаните и Египќаните, на кои што им била важен извор на храна. Во наколните населби по швајцарските езера биле пронајдени докази (8000 години п.н.е.) дека леќата се одгледувала во раното камено време.
Во народната медицина, леќа се користи за третман на:
• разни паразити во цревата, особено глисти кај децата, кога се јаде сурова леќа
• запек
• покачен холестерол
• дијабетес (го спречува растот на шеќер)
• различни инфекции на дигестивниот систем
• го смирува нервниот систем
• ја смирува болката од реума и гихт, така што перниче исполнето со загреано брашно од леќа се става на болното место
• анемија и слабокрвност

























