Ова е рецепт од нашите баби кои ќе ве потсетат на вашето детство и неделниот ручек, после кој доаѓаат овие мирисни и топли крофни.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 коцка свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 прстофат сол
- 1 шака маст
- 2 жолчки
- Околу 600 мл млеко
- 800-900 г брашно
- 2 лажици шеќер
- По желба лимонова кора или малку ракија
ЗА ПРЕЛИВ:
- 500 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- По желба ванилин шеќер или рум
ПРИПРЕМА:
Издробете го квасецот во топло млеко и додадете лажичка шеќер. Добро промешајте додека квасецот да се растопи, па прелијте во садот со просеано брашно. Оставете 10-тина минути додека да се активира и запени.
Додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто кое не се лепи на раце. По потреба додадете уште брашно. Малку намастете го со масло и оставете го на топло да го удвои својот волумен.
Потоа тестото премесете го на набрашнета работна површина и развлечете го во кора со дебелина од 2-3 см. Сечете со тркалезен калап за крофни со пречник од 8 см.
Крофните редете ги во тепсија, една до друга. Тепсијата не е потребно да се намастува.
Остатокот од тестото премесете го и повторете ја постапката или ако сте ја пополниле тепсијата можете да направите пита, полнети лепчиња или нешто по ваша желба. Тестото е убаво и погодно за разни печива.
Крофните се оставаат на топло малку да се удвојат. За тоа време загрејте го млекото со шеќерот додека тој да се растопи. За една тепсија потребно е половина литар млеко.
Со топлото млеко се прелеваат сите крофни и малку се протресува тепсијата за да испливаат. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути.
Додека се печат крофните многу нараснуваат. Се послужуваат топли со една лажица џем, нутела или некоја друг сладок крем одозгора. Може да се наросат и со шеќер во прав.

























