
Ослободете се од масните наслаги и вишокот вода во организмот со помош на овој сируп… Во комбинација со тренинг, овој пијалок дава одлични резултати.
Главната состојка на овој пијалок е рен, кој е богат со железо, витамини Ц, Б1, Б2 и Б6, калиум, магнезиум и фосфор. Ренот е повеќегодишно тревесто растение кое го забрзува метаболизмот, го намалува заморот и истовремено делува на развој на добри бактерии во вашите црева, пишува „HealthyWithHoney“
За сирупот ви требаат следниве состојки:
- 125 грама свеж рен
- 4 лимони
- 3 лажици мед
- 2 лажички цимет
- 2 см корен од ѓумбир
Измиксирајте ги ренот и ѓумбирот во блендер, а потоа додадете го претходно исцедениот лимон, а по две до три минути мед и цимет. Мешајте додека не добиете сируп. Чувајте го во тегла до три недели.
Земајте лажица или две од овој сируп пред оброк или тренинг и уживајте во резултатите.