ДОКАЖАНО: Во кафуле или ресторан еден инфициран ќе зарази дури 27 други лица!

Истражувањето на научници од универзитетот во Колорадо покажува дека ќе се инфицираат речиси сите во затворен простор ако не се носат маски и не се почитуваат мерки.

Доколу во домашни услови се присутни шест лица од кои едно заразено со корона, и останатите пет ќе се инфицираат после четири часа дружење ако никој од нив не носи маска и собата не се проветрува.

Во бар во кој има 15 гости дури 14 од нив ќе бидат заразени доколку не се придржуваат до епидемиолошките мерки.

Ризикот од заразување е најмал во училиштата, но расте доколку наставникот е тој кој е инфициран и тој за два часа, ако никој не носи маска и нема вентилација, од 24 ќе зарази 12 ученици!

Викање

Ова се резултатите од интересното истражување кое го објавило шпанскиот портал Паис, повикувајќи се на програмата „Проценувач на преносот на ковид преку воздухот“, која ја развила група научници со професорот Хозе Луис Хименез на чело, како и на научните сознанија на СЗО.

– На почетокот од пандемијата се веруваше дека големите капки кои ги исфрламе кога
кашламе или киваме, се главно средство на пренос. Но сега знаеме дека и викањето и пеењето во затворени и слабо проветрени простори при подолго дружење, исто така, го зголемува ризикот од зараза.

Тоа е затоа што говорот на цел глас ослободува 50 отсто повеќе честички оптоварени со вируси отколку кога воопшто не зборуваме. Овие аеросоли, ако не се исфрлат од просторијата со помош на вентилација, стануваат се поконцентрирани, што го зголемува ризикот од инфекции – се наведува во истражувањето.

Вентилација

Доколку заразено лице се наоѓа во соба со уште петмина, ќе ги зарази сите за четири часа, без оглед на тоа дали држат дистанца или не, доколку не носат маски и просторијата не се проветрува.

Доколку пак е покусо времето на дружба, се носат маски и има вентилација, ќе се разболе само една или ниедна личност.

Најексполозивните заразувања се, како што се наведува во истражувањето, во угостителските објекти – кафулињата, баровите и рестораните, каде во просек од еден заразен се инфицираат уште 27.

Меѓутоа, во истражувањето даден е пример дека од 15 гости, кога сите носат маски, осумина ќе бидат заразени. Во школите на овој нашин се заразуваат само шест отсто од инфицираните, но динамиката на пренос во училницата потполно се менува во зависност од тоа дали заразената личност е наставник или ученик, затоа што наставниците зборуваат многу повеќе од учениците и зборуваат погласно за да ги чујат сите.

Ризик од пеење

Од 61 член на хор заболеле 53

За динамиката на преносот на вирусот во затворен простор и за улогата на аеросолите најдобро зборува примерот со пробата на хор во Вашингтон, САД, се наведува во истражувањето:

– На пробата присуствувал 61 член на хорот. Се настојувало да се држи безбедна дистанва и да се почитуваат хигиенските мерки. Но тие не носеле ниту маски ниту имало вентилација. Само една заразена личност во ток од два и пол часа, вирусот го пренела на 53 лица. Двајца починале.

Извор: vecer.mk

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ