Со регулирање на диетата, можно е трајно да се реши овој проблем. Инфекциите на уринарниот тракт можат да траат и да се враќаат од време на време. Ако не се лекува правилно, постои голем ризик од заболување на бубрезите и многу други компликации.
Докажано е дека одредена група на храна го фаворизира развојот на инфекции во уринарниот тракт, затоа треба да се избегнуваат и употребата да се сведе на минимум, особено ако веќе сте се бореле со овој вид на инфекција.
Најчестата бактерија што е виновна за инфекција на мочниот меур е ешерихија коли.
Овие бактерии се наоѓаат во цревата, и тие многу лесно можат да поминат во мочниот меур, а по празнењето на цревата, ги предизвикуваат овие непријатни состојби.
Истражувањата покажаа дека високиот внес на шеќер е главниот предизвикувач за инфекции на уринарниот тракт.
Последици од нелекувана инфекција на уринарниот тракт може да бидат од висок крвен притисок до откажување на бубрезите.
Зошто шеќерот е толку опасен?
Како и секој друг жив организам, на Ешерихија коли и требаат хранливи материи, а шеќерот е нешто што овие бактерии го сакаат. Со внесување шеќер во организмот, нивото на киселина во урината станува посоодветно за Ешерихија, овозможувајќи инфекцијата да напредува побрзо.
Кои се третманите?
Покрај намалениот внес на шеќер, ќе ви помогнат и одредени пијалоци, како што е сокот од брусница. Брусницата содржи соединение наречено Д-маноза, за кое научниците докажаа дека може да спречи ешерихија коли да се залепи на sидовите на мочниот меур. Овој сок мора да биде целосно природен и без додаден шеќер.
Покрај брусницата, ќе помогне и внесувањето вода и чај во големи количини, како и избегнување газирани пијалоци. Може да помогне и незасладениот јогурт, црниот чај и црното чоколадо.