Дамките и пегите на кожата се резултат на најразлични влијанија, како што се изложеност на сончева светлина, несоодветен третман на акни, користење на различни несоодветни козметички препарати или неправилности во пигментацијата на кожата.
Ние сите сакаме да имаме убава кожа на лицето и од таа причина секогаш бараме препарати за користење ,за да имаме убаво и чисто лице. Не мора секогаш да ги користиме козметичките препарати кои можат да бидат и многу скапи. Имаме во изобилие овошје и зеленчук од кое можеме да направиме сами рецепти за негување на нашата кожа на лицето.
Денес ќе ви напишаме два рецепта на природна база.
РЕЦЕПТ 1:
- 1 мл лимонов сок
- 2 лажици магдонос
- 1,5 ml дестилирана вода
- 0.5 dl 70 % медицински алкохол
Магдоносот се сечка ситно и се прелива со дестилирана вода и алкохол. Се става во тегла, се тресе и се остава да отстои преку ноќта. Следниот ден, процедете ја течноста и додадете го сокот од лимон. Лосионот се применува наутро на исчистена кожа. Чувајте го во темно шише. Секојдневна употреба на лосионот ќе помогне во исчезнување на пегите и лузните од кожата.
Лосион со речиси ист ефект може да се добие и без лимон и алкохол.
РЕЦЕПТ 2:
- 25 грама свеж магдонос
- 2 dl вода
- 3 ml минерална вода
Магдоносот се вари во 2 dl вода, се лади во затворен сад, а потоа го отварате садот, за да испари јаглерод диоксидот. Потоа додајте ја минералната вода. Најдобро е лосионот да се чува во фрижидер. Ефект на лосионот го гледаме во тоа дека ја штити кожата од слободните радикали, го спречува сушењето на кожата и ја зајакнува бариерата на кожата.