Кога сакаме да направиме нешто добро за своето здравје, обично започнуваме поздраво да се храниме, а помеѓу првите намирници кои нѝ се на менито е цвеклото.

Овој зеленчук содржи голем број витамини и минерали и еден исклучително редок витамин во растителните намирници – Б12. Цвеклото го подобрува варењето и им се препорачува на оние кои сакаат да ослабнат бидејќи содржи само 40 калории во 100 грама.

Цвеклото го намалува нивото на лошиот холестерол и го чува срцето и крвните садови. Одлично е за лекување на анемија бидејќи содржи голем процент на железо како и фолна киселина која учествува во синтезата на црвените крвни зрнца.

Сепак, нутриционистката Ирина Бородина предупредува дека овој зеленчук може да биде и штетен за лицата со одредени тегоби. „Цвеклото, и покрај бројните позитивни својства, може да му наштети на организмот“, вели Бородина.

„Лицата кои боледуваат од гастритис не треба да го консумираат ниту во сиров ниту во преработен облик бидејќи може да дојде до влошување на тегобите. Исто така, цвеклото содржи голема количина на калциум оксалат, па затоа пациентите со уролитијаза треба да внимаваат со неговата консумација“, тврди нутриционистката.