Нивото на кандида во организмот се одредува со помош на лабораториски наоди како брис од јазикот, како и преглед на столицата за габи. Најверодостојниот медицински тест за кандида е имунокомплекс тест и IG тест.

Меѓуто, постои и домашен тест кој луѓето со години го користат за да го одредат нивото на кандида во телото. Тестот е едноставен, бесплатен и дава добри резултати.

Еве што треба да направите: Пред да заминете на спиење, наполнете чаша со вода и оставете ја покрај креветот. Следното утро, веднаш штом ќе се разбудите, плукнете во водата. Не обидувајте се да соберете поголема количина на плунка, само исплукајте го она што го имате во устата по будењето.

По 15 минути, застанете покрај прозорец или некој друг извор на светлина и внимателно разгледајте ја водата. Ако вашата плунка останала на површината или се растворила, сè е во ред со вашето здравје. Нормално е ако во водата се присутни меурчиња воздух.

Ако водата станала матна или во неа се гледаат линии налик конци кои се спуштаат надолу или плунката се наталожила на дното, постои можност да имате високо ниво на кандида во организмот.

Во овој случај, ви предлагаме да се обратите кај својот лекар за совет или да се обидете да се ослободите од кандидата на природен начин.

Симптомите кои укажуваат на прекумерен раст на кандида во организмот се: хронични габични инфекции со симптоми на чешање, пецкање или зголемен исцедок, проблеми со варењето како надуеност и гасови, грчеви, дијареа или констипација, алергии, кивање и затнат нос.

Чести симптоми се и хроничен замор, симптоми на нервниот систем како што се анксиозност, депресија, иритабилност, слаба меморија и слаба концентрација, проблеми со менструалниот циклус како и проблеми со кожата.

Зголемената концентрација на кандида се јавува при лекување со антибиотици, ослабен имунолошки систем, употреба на контрацептивни или хормонски терапии, храна богата со рафинирани шеќери, бременост и дијабетес.