Едноставен и ефикасен: “Лут“ крем против болки во мускулите, рамениците и грбот

Ве боли вратот, грбот или рамениците од седење? Имате болка во мускулите? Направете ја наједноставната но мошне ефикасна крема против вакви болки.

Тајната се крие во лутите пиперчиња. Ова е наједноставна верзија но постојат начини да ја дополните. Лутото пиперче содржи капсацин, кој го дава лутиот вкус, а истата состојка се наоѓа и во кремите за болки во мускулите, кои ги купуваме во маркетите и апотеките.

За да го направите овој крем ќе ви треба:

  • лута пиперка,
  • чили,  (само семките) и
  • какао путер.

Извадете ги семките од пиперката. Во стаклена тегла додадете го какао путерот и ставете ги семките па добро измешајте.

Со мешавината мачкајте ги нозете и рацете ако имате воспаление на мускулите, болки во вратот, рамениците или грбот. Ќе почувствувате топлина, а болката ќе исчезне.

Рацете измијте ги после употребата на кремот и не допирајте ги очите, носот и устата или други чувствителни делови од телото, бидејќи ќе почувствувате болна жештина.

Во оваа мешавина можете да додадете и етерични масла од пеперминт и еукалиптус.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ