Потребни состојки за овој коктел се:

  • 2 јајца,
  • 6 лажици млеко,
  • 2 портокали,
  • 2 лажички мед,
  • 2 лажички шеќер.

Од јајцата се одвојува жолчката и таа се мати заедно со шеќерот, медот и млекото сè додека смесата не добие на густина.Потоа се цеди портокалот во посебен сад и се додава во сматената смеса.

Пред да се сервира во стаклена висока чаша, добро е да одберете дали сакате безалкохолна или алкохолна варијанта од овој коктел. Ако се одлучите за алкохолен коктел, тогаш на дното на чашата истурете три капачиња (темен) рум.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!