Две третини од пациентите го имаат истиот симптом на ковид-19, поради кој мислат дека се само настинати. Дури потоа доаѓа до губење на сетилото за мирис, што е сигурен знак за ковид-19. Докторите откриваат дека затнатоста и секрецијата на носот се јавуваат кај 60 до 70 отсто од пациентите со коронавирус откако пристигна делта сојот.

„Кај децата и помладите, коронавирусот започнува како обична вирусна инфекција и првото нешто на коешто се жалат се затнатиот нос и секрецијата, а дури четвртиот или петтиот ден се јавува губење на мирисот. Секако, кога ќе дојде до аносмија, односно до губење на мирисот, а на лаиците им е јасно дека станува збор за коронавирус. И дури 70 отсто од пациентите го имаат тој симптом на губење на мирисот“, објаснуваат докторите.

Воопшто не размислувајќи дека имаат коронавирус, тие несвесно ја шират наоколу, а наместо да одат во ковид-центар, често одат кај ОРЛ специјалисти мислејќи дека синусите проработеле сами од себе.

„Така и се заразив со ковид-19 пред неколку дена. Ние, оториноларинголозите секојдневно прегледуваме голем број пациенти со обични симптоми, со затнат нос. А 50 отсто од нив имаат синузитис, односно воспаление на синусните-параназални празнини како последица на коронавирус, односно воспаление на слузницата на носот и секреција од носот“, вели еден од докторите.

Единствениот начин да се знае дали затнатиот нос е знак на коронавирус е тестирањето. „Се согласувам дека не можеме да трчаме да се тестираме на инфекција од ковид по секоја настинка и по секоја секреција од носот. Но можеме да се однесуваме одговорно кон луѓето околу себе.

Ако имате затнат нос, би требало да размислувате за тоа дека можеби е коронавирус. Не велам дека сите други вируси не постојат повеќе. Но сите мора да бидат сериозни и да сфатат дека коронавирусот започнува со најобична секреција од носот и со затнат нос.

Од тој момент мораат максимално да ги намалат контактите, никако да не ја вадат маската, освен кога се сами. Тоа, покрај вакцинацијата, е единствениот начин да се сопре овој вирус“, нагласуваат експертите.