Болката во нозете е знак дека животот ви е во опасност

Многу луѓе ја игнорираат болката во нозете, но таа и да не е многу силна, може да заврши лошо.

Значи, треба да се провери, дали имате темпирана бомба во артериите или вените? Грчевите и сличните неугодности во нозете, можат да бидат јасен знак на васкуларни болести, воспалување и слабост на вените и артериите.

Ако проблемот се занемари, може да дојде до срчев или мозочен удар, како и до анеуризам ( артеријата е слаба и отечена и во секој момент може да пукне). Во некои случаи, болеста на периферните артерии може да доведе до гангрена и ампутација на ногата.

Првиот симптом кој може да се појави е болка во нозете, најчесто во потколеницата, но може да се јави болка и на колковите и кичмата. Одењето по угорнина и носење тешко, може да ја влоши ситуацијата. Ако се одморите , болката ќе ја снема.

Оваа болка настанува поради тоа што мускулите на нозете не добиваат доволно крв. Колку побргу ќе одите на лекар, толку штетата ќе биде помала, зошто прегледот може да ви го спаси животот. Кај многу пациенти, посебно оние кои имаат вишок килограми, вежбањето може многу да помогне.

Анеуризмот, од кој страда оваа група на луѓе, е болест која се развива бавно и нема симптоми. Некои пациенти неможат да ја осетат оваа болест, додека кај други се јавуваат симптоми. Се јавува пулсирање кај папокот, болка во стомакот и болка во грбот.

Во случај да пукне аортата, шансите за преживување се 20%, па во оваа ситуација превенцијата е многу важна. Доколку дојде до хирушки зафат,шансите за преживување се 97%.  Превенцијата за оваа болест е исто така многу важна. Пациентот треба да вежба, да внесува мала количина на црвено месо и веднаш да се прекине со пушењето.

Многу пациенти за превенција треба да ги пијат таблетите за холестерол. И затоа, за нозете треба да водите сметка и кога сте здрави. Треба редовно да вежбате, со што можете да си го намалите ризикот од оваа болест, и да го продолжите вашиот животен век.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ