Вкусот и мирисот на ова топло лебче е толку незаменливо, а е многу едноставен и по состојките и по брзиот начин на подготовка.
Ова е многу стар и наједноставен рецепт, кој се приготвувал уште од нашите прабаби.
Состојки:
- 500гр. брашно
- 1/2 филџан масло
- 1лажичка сода бикарбона
- 1лажичка сол
- 1/2 лажичка шеќер
- по потреба топла вода
Припрема:
Во длабок сад ставете ги сите состојки и со топла вода замесете средно меко тесто, (како за секоја погача).
Во округло плехче (или калап со обрач) ставете масло и премачкајте.
Замесеното тесто ставете го во плехот и со раце размесете го низ целиот плех. Потоа свртете го од другата страна и уште малку умесете го.
Со помош на вилушка украсете го лебчето и оставете да отстои додека се загрее рерната на 200 степени.
Откако ќе се загрее рерната до оваа температура ставете го да се пече се додека убаво не зарумени.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























