Ја поправа крвната слика, зајакнува имунитет и го чисти црниот дрoб – рецепт за домашен сируп

Се чувствувате некако скршено, уморно и безволно? Можеби е време да ја проверите крвната слика.

Но пред да направите контрола на крвта обидете се на природен начин и со природни состојки сами да го подобрите вашето општо здравје и крвната слика. За вашата крвна слика да биде подобра, овој сируп е доволно да се консумира два пати годишно.

Од овој рецепт ќе добиете околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро на празен стомак, додека не ја испиете добиената количина.

Состојки:

  • 1 кг цвекло
  • ½ кг моркови
  • сок од еден лимон
  • 2-3 портокали
  • 2 кисели јаболки
  • 500 гр мед (ливадски)

Подготовка: Цвеклото, морковот и јаболките исецкајте ги на мали парчиња, ставете ги во соковник и исцедете сок. Од лимонот и портокалот рачно исцедете сок и помешајте го со претходно добиениот сок.

На крајот додадете го медот, најдобро е тој да е ливадски. Се добро измешајте за медот да се стопи и соедини со сокот. Количината на портокали може да биде и поголема, бидејќи тие главно се додаваат за вкус и мирис.

Готовиот сируп ставете го во стаклени шишиња. Се добиваат околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро во количина од 1 децилитар на празен стомак, додека не ја испиете целата количина.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ