Сите придобивки од кантарионот – лек за регенерација на кожата и гинеколошки проблеми

Кантарионот се зема во облик на тоник, чај, масло или тинктура, а во поново време може да се најде и во облик на капсули, кои влијаат на расположението и подобрување на емоционалната рамнотежа.

Во народната медицина оваа билка има посебна вредност во лекување исеченици, изгореници, хемороиди, а одлична е и за зараснување рани. Кожните промени се лекуваат така што на нив се мачка масло од кантарион, или повреденото место се обложува со чиста газа или чисто платно натопено со кантарион.

Исклучително е ефикасен и за јакнење на косата, како и за регенерација на косата оштетена со бојадисување. Чајот од кантарион се пие три пати на ден против гастрит, чир на желудникот, дијареа, жолтица, главоболка, бубрежни и менструални тегоби.

Во народната, но и во современата медицина, кантарионот, жалфијата, камилицата и ајдучката трева се сметаат за ефикасни во лекување на одделни сексуално преносливи болести.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ