Мултитаскингот го убива вашиот мозок – Кога правите повеќе работи истовремено стрес хормонот дивее, а ова се последиците…

Нашиот мозок не е наменет за мултитаскинг, туку да се фокусира на една работа истовремено. Бомбардирањето на информации само не успорува и еве зошто итно треба да ставиме крај на оваа лоша навика.

Врвни научници докажаа дека кога луѓето мислат дека прават мултитаскинг (извршуваат повеќе задачи во исто време), тие всушност многу брзо преминуваат од една на друга задача.

Ова преминување од една на друга работа ги поттикнува лошите навики во мозокот. И секој пат кога тоа ќе се случи, има многу когнитивна потрошувачка. Секојпат кога работиме мала задача, добиваме доза на лачење допамин, кој е таму како хормон за награда. Тоа му е угодно на нашиот мозок затоа што ни дава чувство на среќа и задоволство по извршените задачи, пишува Бизлајф.

Добиваме премногу од овој хормон со мултитаскингот затоа што имаме чувство дека правиме многу со преминување од една во друга работа. Како кога правиме проект и одговараме на пораки на Твитер или е-пошта истовремено. Затоа некои научници дури веруваат дека е-поштата и социјалните мрежи создаваат зависност.

Иако многумина го споменуваат во биографијата како посебна вештина, реалноста е дека мултитаскингот го намалува квалитетот и ефикасноста на работата.

Ви отежнува да ги организирате своите мисли и да филтрирате ирелевантни информации. Науката покажала дека капките на интелигенција кај луѓето кои вршат мултитаскинг добиваат ист облик како кога не спијат цела ноќ или пушат марихуана.

Мултитаскингот го зголемува нивото на кортизол, хормон на стрес.

Нашиот мозок постојано ја менува брзината и фокусот, правејќи нè истоштени, стресни. Исто така, она што го предизвикува најголемиот хаос на мултитаскинг се нашите Инбокс сандачиња. Студиите покажуваат дека сознанието за непрочитана порака може да ве иритира и да ги намали вашите IQ поени дури за 10. Студија на глобалниот институт Мекинзи покажува дека вработените трошат дури 28 проценти од своето работно време во проверка на е-пошта.

Евалуација на многу студии заклучила дека треба да се ограничите на само три електронски проверки дневно. Кога ќе пристигнете на работа наутро, на пауза по ручекот и пред да ја напуштите канцеларијата, сторете го истото со пораките на вашиот мобилен телефон.

Мултитаскингот повеќе влијае на мажите.

За нив, тоа може да ги намали IQ-поените за дури 15. Во суштина може да ве намали на ниво на осумгодишно дете. Поради тоа, понекогаш имате впечаток дека вашиот мозок „застанува“. Треба да се внимава затоа што новото истражување вели дека штетните ефекти на мултитаскинг можат да бидат трајни.

Кога беше направена студија на луѓе кои користат повеќе уреди истовремено, на пример гледајќи телевизија и пишувајќи порака, тоа покажа неверојатни резултати. Нивната густина на мозокот беше помала во предниот сингуларен кортекс, што е област наменета за емпатија и емоционална контрола.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ