Според Фeнг шуи, кората од портокалот може да послужи за чистење на домот од негативна енергија и на тој начин да се поврати хармонијата во него.
СОСТОЈКИ:
- 3 свежи портокали
- вода
- стаклен сад и
- свежо цвеќе
ПОСТАПКА:
- Излупете ги портокалите, земете ја кората, а плодовите изедете ги. Поделете ја кората на секој портокал на 9 парчиња. Ставете ги во сад и прелијте со врела вода до ¾ од садот.
- Повторете ги следните зборови: “Со оваа церемонија се исфрла негативната енергија од мојот дом и се заменува со позитивна.
- Садот ставете го на влезот доколку сакате да го исчистите целиот дом. Со таа вода попрскајте ја целата куќа и повторувајте ги зборовите од претходно. Поминете ги сите соби и не ги заборавајте плакарите.
- Водата и корите фрлете ги, а плодовите од портокалите изедете ги заедно со вашето семејство.
- После ова чистење, отворете ги прозорите и вратите за да се исполни домот со свежа енергија.
- Поставете свежо цвеќе во средишниот дел од собата или домот.
Во текот на следните 9 дена три пати заменете го цвеќето. Нека биде тоа на секои три дена, а последниот букет нека остане додека да свене.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























