10 правила како да се заштитите и да спречите внесување на КОВИД-19 честички во вашиот дом

Коронавирусот може да живее на кој било предмет изнесен надвор и по неколку дена. Дури и одењето во продавница е опасно, и покрај тоа што одржувате социјална дистанца и употреба на маски и ракавици.

Зборот „Дезинфекција“ многу брзо стана вкоренет во нашите секојдневни животи. Некои дури достигнуваат и фанатични состојби.

За да не преминете во крајности, составивме 10 совети за тоа како и со што да ги третирате  површините во живеалиштето, се со цел со сигурност да се ослободите и заштитите од КОВИД-19 во вашиот дом.

Овие работи го убиваат коронавирусот во вашиот дом:

1. Дезинфекција на сите површини во домот.

Сите површини во куќата – маси, столови, клупи, полици за постелнина, врати и кваки, плакари и др. треба да се избришат со средства за дезинфекција. Пожелно е тие да содржат хлор или алкохол.

Бидете внимателни затоа што понекогаш дезинфекциите се токсични за луѓето. Важно е да ги користите според упатствата. Можете исто така да користите етил алкохол.

2. Задолжително миење на купената сурова храна.

Храната треба да се плакне со врела вода онолку колку што е дозволено.

3. Редослед во чистењето!

Чистењето се врши по следниот редослед – прво го чистиме ходникот, потоа кујната, а потоа и сите други простории.

Тоалетот и бањата се чистат со посебни партали. Се разбира, употребата на ракавици е задолжително (по можност за еднократна употреба). За време на чистењето, препорачливо е да носите мантил или специјален комбинезон.

4. Добро е да не влегувате со чевли во живеалиштето.

Препорачливо е да имате крпа натопена во алкохол до вратата, со која веднаш ја чистиме рачката на вратата кога влегуваме во куќата. Сторете го истото со копчињата на домофонот, сите прекинувачи и телефоните. И секако најбитно е да не заборават да ги миете рацете при секое влегување во домот.

После тоа, се соблекувате и влегувате во бањата и ја вадите облеката која сте ја носеле, а потоа ја одлагате надвор на тераса да биде изложена на сонце.

5. Дезинфекција и проветрување во секоја просторија!

Важно е редовно да се дезинфицираат секоја просторија од вашиот дом и често да се вентилира домот.

6. Клучевите задолжително дезинфицирајте ги со антисептик.

Обрнете посебно внимание на рачките на вратите, орманите, седишта и наслони, апаратите за домаќинство и клучевите – тие мора да се третираат со антисептик!

7. Бањата мора да се дезинфицира секој ден!

8. За дезинфекција користете средства со најмалку 70% алкохол.

По чистењето, не заборавајте да ги измиете рацете повторно и да нанесете алкохол што содржи антисептик. Потребни ви се оние антисептици коишто содржат најмалку 70% алкохол. Може да се користат и парфеми, лосиони, гелови, влажни марамчиња со слична содржина на алкохол.

9. Сите производи купени или доставени пожелно е претходно да ги дезинфицирате.

Производите купени од продавницата или доставени преку курир, исто така, мора да бидат дезинфицирани против вируси. Бришете ги сите производи со антисрптик, дури и запечатениот сад со пипер или купената вода. Потоа повторно измијте ги рацете.

10. Самите производи и храна треба да се мијат како и обично.

На пример, ако готвите пилешка супа, треба да ја отфрлите првата супа.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ