РЕЦЕПТ: Витаминска чорба со млада зелка и тиквици: Само една чинија го закрепнува и го лечи телото!

Здрава посна чорба со многу витамини и минерали кои на нашиот организам ќе му дадат сила и ќе го исчистат од токсини.

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 кг млада зелка
  • 1 свежа пиперка
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем домат
  • 1/2 кг тиквици
  • 2 моркови
  • 2 компири
  • 1 мала шолја ориз
  • бибер
  • сол
  • масло
  • магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте моркови исечкани на кругови, па кога и тие малку ќе се пропржат додајте сечкана пиперка, а потоа млада зелка исечкана на коцки.

Потоа додајте тиквици и компири на коцки и налијте вода, па гответе за зеленчукот да се зготви.

Пред крајот на готвењето, додајте ориз, сол, бибер и на крај магдонос. Гответе уште 5-6 минути.

Добар апетит!

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ