Диета на д-р Ли – го штити организмот од болести и му помага на телото брзо да заздрави!
Нашите тела имаат фантастична моќ да заздрават, но важно е да ги поддржите во ова. Еден од најдобрите начини е преку храната. Д-р Вилијам В. Ли советува како да го направите тоа најефикасно.
Д-р Ли има дизајнирано програма наречена Рамка 5х5х5, која не е диета за слабеење или фитнес режим, туку едноставно воведување нови навики кои ќе ви го зачуваат здравјето. Како што наведува во својата книга ”Јади да ја победиш болеста”, токму тоа е начинот која му овозможува на телото да се справи со болеста.
Оваа стратегија обезбедува поддршка за пет одбранбени системи со вметнување на пет намирници што веќе ги сакате во оброците и ужината, вклучувајќи ги до пет пати секој ден кога јадете: појадок, ручек, вечера, ужина или десерт.

Голема предност на оваа стратегија е тоа што се прилагодува на која било исхрана што сега ја практикувате, без разлика дали е палео, кето, веган, без глутен или кој било друг режим.
За почетници, треба да изберете една од петте храна што ги наведува д-р Ли.
Секоја група на храна ги стимулира процесите на заздравување на телото:
- стимулација,
- регенерација,
- микробиом,
- ДНК заштита и
- имунитет.
Листата на намирници содржи над 200 артикли е сигурна дека ги задоволува сите гурмани. Треба само да изберете пет продукти што ќе ги користите секој ден.

























