Оваа пита со сирење се прави малку на поинаков начин. Кога ќе ја пробате, сигурно ќе го избирате овој начин повторно. Многу лесно и брзо се приготвува.
Одличен предлог за вкусен и топол доручек, вечера или ужина. Послужете ја питата топла со јогурт или кисело млеко.
Потребни состојки:
- 1/2 kg тенки готови кори,
- 250 gr сирење по избор,
- 3 јајца,
- 1/2 пециво,
- Масло за јадење.
Начин на подготовка:
Издробете го сирењето на ситни парчиња и додадете ги јајцата и пецивото.
Прво едната кора премачкајте ја со масло, па додадете ја другата кора и премачкајте ја со смесата со сирење. Превиткајте ги парчињата во форма на триаголник.
Премачканата пита со масло печете ја на 200 C ͦ околу 30-35 минути, додека поцрвени.
Се сервира топло со јогурт или кисело млеко.
Добар апетит!
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

























