Рецепт: Како да направите вкусен домашен путер?

Веројатно ви се случувало во рецептите да наидете на путер, па доколку го немате при рака, наместо нето да користите маргарин. Повеќе не морате да правите такви компромиси – направете домашен путер и подгответе ги јадењата по оригинален рецепт и вкус кој ќе ве воодушеви. Потребни ви се само две намирници и ќе ја имате највкусната состојка за колачи и торти!

За подготовка на путерот вам ви е потребна полномасна павлака за готвење и сол по желба. Путерот можете да го подготвите во блендер или во сад со помош на миксер.

Подготовка:

Во блендер или во сад каде потоа ќе употребите миксер, ставете ја павлаката за готвење и матете додека не се издвои водата. Притискајте го путерот со лажица, а течноста истурете ја. Во садот ставете ладна вода за да го исперете путерот и потоа продолжете со миксање. Неколку пати повторете го овој процес на миење и мешање на путерот додека водата која ја ставате по матењето не стане бистра. По желба додадете сол.

Вака подготвениот путер чувајте го во фрижидер, а рокот на траење му е околу 15 денови.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ