Како да се ослободите се од лошиот здив за две минути

Лошиот здив некогаш умее да не’ доведе во многу непријатна ситуација. За среќа, постои начин да се решите од тој проблем за многу кратко време.

Ви го претставуваме овој рецепт кој дејствува веднаш!

Потребни состојки:

  • ½ мала лажичка цимет во прав
  • ½ голема лажица мед
  • 2 лимони
  • 200 мл топла вода

Подготовка:

Во еден сад ставете ги циметот и медот и прелијте ги со 200 мл топла вода. Мешајте додека медот не се растопи и потоа додаjте го сокот од лимон. Измешајте ја целата смеса уште еднаш, префрлете ја во тегла со капак и ставете ја во фрижидер. Со течноста темелно исплакнете ја усната шуплина и не плукајте ја бидејќи истата е многу хранлива. Постапката повторете ја кога и да сметате дека ви е потребно.

Примена:

Циметот и лимонот ја дезинфицираат усната шуплина и ги убиваат бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба, а медот ѝ дава на течноста пријатен вкус.

Покрај тоа што ќе ви го реши проблемот со непријатниот здив, оваа комбинација е одличен борец против вирусите и настинките, бидејќи го зајакнува имунитетот и дејствува како антиоксиданс.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ