Сте слушнале ли за палачинки од блендер? Се работи за десерт кој се подготвува за само 5 минути, а поради своите состојки идеален е за оние кои внимаваат на исхраната.

Покрај тоа, вкусот е неверојатен, затоа набавете состојки и започнете со подготовка.

Состојки:

  • 1 зрела банана
  • 1 шолја млеко
  • 2 шолји овесни снегулки
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • кокосово масло
  • екстракт од ванила (по желба)
  • 1 лажица мед (по желба)

Начин на подготовка:

Во блендер разматете ги бананата, млекото и овесните снегулки. Додајте јајце и сода бикарбона, па повторно измиксајте. Ако ставате и додатоци по желба, додајте ги сега и миксајте уште неколку секунди.

Загрејте ја тавата и на малку кокосово масло печете ги палачинките. Кога на горната страна ќе се појават меурчиња, свртете ги палачинките и печете ги на другата страна. Може да ги служите со свежо овошје.

Пријатен апетит!

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!