Најподмолна болест од сите, симптоми речиси и нема, крајот на животот загарантиран

Црниот дроб е најголема жлезда во човековото тело. Се наоѓа позади ребрата, во горниот десен дел од абдоменот. Се состои од два дела т.н. лобуси: десен и лев.

Црниот дроб има бројни и многу важни животни функции, кои се битни за одржување на здравјето на човекот. Така, една од важните функции на црниот дроб е продукцијата на жолчка, која е неопходна за разградување на мастите, а помага и во апсорпцијата на супстанциите растворливи во масти, вклучувајќи ја и тука и апсорпцијата на витамините А, Д, Е и К.

Жолчката се складира во жолчното кесе и се излачува во почетниот дел на тенкото црево (дуоденум), при процесот на варењето на храната. Според тоа, жолчката помага во разградувањето, односно варењето на храната.

Сите материи кои се апсорбираат од цревата, преку крвта, одат во црниот дроб во кој се одигруваат бројни важни метаболни процеси, при кои доаѓа до синтеза на многу супстанции неопходни за нормална функција на организмот.

Црниот дроб е важен и за детоксикација на некои отровни материи. Во него се прочистуваат отровните материи од крвта. Црниот дроб е важен и за регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта, како и за синтеза на повеќе белковини кои циркулираат во крвта.

И покрај фактот дека токму во црниот дроб се одвиваат многу животно важни функции, како и дека болестите на црниот дроб се наоѓаат на десетто место како причина за смрт, на него, односно на неговите заболувања, често не се обрнува доволно внимание. Причина за тоа делумно лежи во недоволното познавање на сите функции на црниот дроб, но и на фактот што симптомите на болестите на црниот дроб обично се неспецифични и настануваат постепено, подмукло.

Симптоми и знаци кај карцином на црн дроб

Црниот дроб е орган кој има голема функционална резерва, заради што симптомите и знаците на малигното заболување се притаени и подмолни. Тие често се и неспецифични. Тегобите ретко се јавуваат во раните стадиуми на болеста, па затоа ракот на црниот дроб често се вика „тивка болест“. Како што туморот расте се јавуваат и симптомите на болеста.

Доколку малигномот се развил, а претходно не постоела цироза на црниот дроб, клиничкта слика се карактеризира со зголемен и болен црн дроб, кој може да се напипа под десниот ребрен лак. Присутната тумроска маса предизвикува болка во абдоменот.

Кога хепатоцелуларниот карцином се јавува на циротичен црн дроб, доминантни се симптомите на црнодробна слабост (хепатална декомпензација).

Најчести симптоми на примарниот карцином на црниот дроб се:

  • болка под десниот ребрен лак која може да се шири во грбот и према рамото
  • присуство на течност во стомачната празнина,
  • губиток на телесна тежина,
  • губиток на апетит,
  • општа слабост и малаксаност,
  • жолтило на кожата и белките на очите, поради зголемените количини на билирубин во крвта,
  • темна мочка која се јавува поради зголемената количина на билирубин во крвта и мочта,
  • покачена телесна температура,
  • мачнина и повраќање,
  • портална хипертензија.

Особено драматична клиничка слика се манифестира при руптура на туморот, при што се јавува јака пробивна абдоминална болка, состојба на шок поради интензивно крварење во стомачната празнина.

Повеќе за ова на Skopje24.mk

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ