Kефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус со лесна нота на свеж квасец, кој се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца.
Се смета дека потекнува од Kавказ и дека е стар и до 1.000 години. Жителите на Kавказ се познати по својата долговечност и добро здравје, живеат речиси без болести, што се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир. Kултурата на кефирот ја нарекуваат и кефирна габа, но кефирните зрнца не се габи.
Kефирните зрнца, кои по изгледот потсетуваат на варен карфиол, по составот се мешавина од белковини, аминокиселини, липиди и топливи полисахариди и содржат симбиоза меѓу големиот број добри, млечно-кисели бактерии, оцетни бактерии и видови квасец.
Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млекото и немаат рок на траење, можат да живеат вечно. Многу обиди на микробиолозите кефирните зрнца да ги произведат во лабораторија упорно завршуваат со неуспех. Прашањето од кај дошле и како настанале остануваат без научен одговор. Kефирните зрнца може да се добијат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома.
ПОЗИТИВНИ ДЕЈСТВА
На кефирот му се препишуваат многу позитивни дејства при голем број болести и болни состојби, меѓу другото:
- Дејствува како најсилно средство против алергии и интолеранција на храна;
- Дејствува како природен антибиотик;
- Ги намалува воспалителните болести, како што се ревма и артритис;
- Го зајакнува имунитетот и го забрзува заздравувањето на телото; Ги подобрува варењето и правилното искористување на нутриентите од храната;
- Лекува цревни болести, синдром на иритабилно црево, пролив, запек, подуеност;
- Помага при болести на желудникот, како што се гастритис и чир на желудник;
- Го чисти и го детоксифицира телото;
- Ја подобрува функцијата на црниот дроб и дејствува против жолчните каменчиња;
- Помага при срцеви заболувања;
- Ги намалува шеќерот во крвта, високиот крвен притисок и високите маснотии во крвта (триглицеридите);
- Ги лекува габичните заболувања;
- Помага во запирање на растењето на малигните клетки;
- Го нормализира метаболизмот и со тоа помага во губење на прекумерната телесна тежина;
- Помага при несоница и при депресија;
- Против несоница и депресија;
- Kорисен е при бронхитис и при астма;
- Помага при псоријаза и при егзема.




















