10 женски навики кои ги иритираат мажите

Ретко кој го одобрува генерализирањето и поделбата на типично машки и типично женски навики и постапки, затоа што секој сака да биде ценет поради своите уникатни особини.

Сепак, не може да се негира дека постојат одредени аспекти во однесувањето карактеристични за жените, а коишто предизвикуваат фрустрација, одбивност или збунетост кај мажите.

Еве кои женски навики често предизвикуваат незадоволство кај мажите:

1. Не си нарачуваат десерт, а потоа го „напаѓаат“ десертот на партнерот.

Обидувајќи се да ја зачуваат убавата фигура, жените често го прескокнуваат десертот. Мажите немаат ништо против тоа. Она што ги иритира е кога на прашањето „Сакаш десерт?“ добиваат одговор „Не, прејадена сум“, а веднаш штом ќе пристигне слаткото задоволство, до нивните уши стигнува едно срамежливо „Дај да пробам“. Најлошото е кога десертот е превкусен, а мораат да споделат со саканата повеќе од еден залак.

2. Се предаваат на средина од играта, за да го избегнат поразот.

Не е важно дали станува збор за компјутерска игра, рекреативен спорт или игра со карти, жените не сакаат да губат, па кога ќе насетат дека им се заканува пораз, имаат навика да отстапат и да ја растурат играта пред да дојде крајот. Тоа ужасно ги нервира мажите кои поради натпреварувачкиот дух со ентузијазам ја очекуваат победата и моментот кога ќе можат да ја покажат победничката насмевка.

3. Многу зборуваат, често во погрешно време.

Жените обожаваат да зборуваат. За разлика од мажите кои изговараат во просек по 7.000 збора дневно, жените стигнуваат до 20.000 збора на ден. Мажите почесто сакаат да уживаат во тишина, особено додека гледаат спортски натпревар, филмски блокбастер или ја играат омилената игра. Во тие моменти женскиот глас или е целосно игнориран или е извор на нервоза.

4. Разговараат за проблемите во врската со трети лица.

Жените често ги дискутираат проблемите во врската со пријателките и неретко се случува токму пријателките да дознаат за постоењето на одреден проблем пред тоа да го сфати/дознае нивниот партнер. Мажите се позатворени и поретко се „исповедуваат“ пред своите пријатели, па не можат да ја сфатат женската потреба за љубовни консултации со пријатели. Особено би ги изнервирало ако им предложите совет за решавање на недоразбирањата потпишан со името на ваша пријателка.

5. Плачат без да има особена причина.

Точно е дека жените плачат за сè и сешто –навредлив збор од страна на партнерот, лоша фризура, филм со тажен крај, филм со среќен крај… особено кога е оној период од месецот. Мажите знаат дека претставничките на понежниот пол се чувствителни, но нив ги иритира кога треба да ја утешат и смират својата партнерка, а ни самите не ја знаат причината за нејзините солзи. Во моментите на женска „тага“ тие едноставно не знаат како треба да постапат, а мразат кога се „заглавени“ во таква ситуација.

6. Ги преместуваат личните нешта на партнерот.

Мажите сакаат да знаат каде им се клучевите од автомобилот, возачката дозвола, паричникот… Дури и кога во нивниот дом владее хаос, тие успешно се справуваат во пронаоѓањето на личните предмети и облеката. Затоа, ужасно многу се нервираат кога нивните предмети ќе „добијат нозе“ и ќе се преместат на сосема друго место од она на кое биле оставени. Женската подреденост во ваквите ситуации не им буди позитивни чувства на мажите.

7. Имаат плакар преполн со облека и НИКОГАШ немаат што да облечат.

Понекогаш и мажите се исто толку преокупирани со својот надворешен изглед колку и жените. Но, нивниот плакар дефинитивно не „крие“ толку парчиња облека колку женскиот. Точно е дека облеката е голема женска опсесија и мажите одамна го прифатиле тој факт. Но, она што не можат да го прифатат е женската изјава „Немам што да облечам“, кога плакарот им е преполн со облека.

8. Се лутат без да дадат одговор која е причината за тоа.

Понекогаш жените имаат навика да велат „Ништо не ми е“ кога е премногу очигледно дека се лутат за нешто. Во тие моменти во нивната глава се врти: „Ако навистина ме познава, ќе знае што ми е“. Но, додека мажите можат да ги прочитаат женските емоции, за нив најчесто останува мистерија причината за истите.

9. Покажуваат способности на полициски инспектор.

Женското љубопитство знае да биде нескротливо. „Со кого беше излезен на кафе?“, „Кире беше со девојката или сам?“, „Каде бевте?“… Поради стотиците женски прашања во минута мажите знаат да се почувствуваат како да се на полициско испрашување, а тоа им создава притисок, паника и се разбира, многу нервоза.

10. Прашуваат „За што размислуваш?“ и тоа пречесто.

Погрешно е популарното тврдење дека мажите можат да лежат со часови и да не мислат на ништо. Апсолутно природно е стотици мисли да се вртат во нивните глави, во секој момент од денот. Но, честото прашање „На што мислиш сега?“ нема да ги расположи за разговор, туку само ќе им создаде чувство дека не им давате мир и доволно простор, па очекувајте нервозен одговор.

Advertisement