Сигурно барем еднаш ви кажале дека ако не јадете нешто конкретно, најдобро е да изедете барем една банана. Но се чини дека ова овошје сепак не е соодветен појадок.

Нутриционистите тврдат дека иако бананите делуваат како совршена опција за брз појадок, тоа не е така. Ако јадете само банани, тие не се најдобар избор, бидејќи содржат дури 25% шеќер и спаѓаат во умерено киселите производи.

Најдобар начин да го започнете денот е со појадок кој ги согорува маснотиите и кој ќе ви даде доволно енергија за да издржите до следниот оброк.

Иако бананите ќе ви дадат кратко наплив на енергија, многу брзо ќе се почувствувате уморни и гладни. Тие се попогодни за ужина отколку како целосен оброк, бидејќи самите тие не се доволни за појадок.

Чувството на умор и глад што го чувствувате откако ќе изедете банана за појадок можете да го спречите, ако ја искомбинирате бананата со храна полна со здрави маснотии, како што е авокадото.

Со оглед на тоа што бананите спаѓаат во групата кисели производи, треба да ја неутрализирате таа киселина за да ги извлечете придобивките од бананата, како што се калиум, влакна и магнезиум, а не шеќерот што дава само моментална енергија.

Со еден трик нема да темнеат брзо бананите – за ова не требаат ни пари

Ставете фолија на дршката на бананата, бидејќи тие произведуваат повеќе етилен отколку другите овошки, па треба да ги држите одвоено, а фолијата ќе помогне да бидат свежи подолго.

НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ ЛУШПИТЕ ОД БАНАНИТЕ: Пет необични начини на кои можете да ги искористите

Бананата е многу повеќе од вкусна храна – таа може да ви помогне при спиењето, па дури и да ви ги намали болките во стомакот.

Но, што е со нивните лушпи? Дали треба само да ги фрлиме во канта за ѓубре? Поголемиот дел од луѓето веројатно и го прават тоа, но лушпата од банана не мора да биде само уште едно парче ѓубре.

Во продолжение прочитајте на кои се начини можете да ја искористите лушпата од ова популарно овошје.

Нахранете ги цвеќињата

Ставете ја лушпата од банана во голем сад полн со вода, измешајте ја смесата, а потоа едноставно налејте ја оваа смеса во саксиите со цвеќе. Лушпата од банана брзо се разградува и во земјата испушта голема количина на хранливи материи.

Ублажете ја алергијата и чешањето

Нанесете лушпа од банана на местото каде сте се исфрлале за да го ублажите чешањето и да го поттикнете процесот на лекување.

Нахранете ги животните

Слободно можете да додадете мелени суви лушпи од банана во храната за домашни животни како што се кокошки, свињи, зајаци и говеда.

Омекнете го месото при печење

Додадете лушпа од банана во сад за печење, со цел да спречите парчињата месо без коски и кожа да се исушат во текот на печењето.