Зошто аронијата треба да биде во Вашата кошница?

Аронијата е популарна кога станува збор за здравјето. Таа е богатство од хранливи материи и антиоксиданти, а витаминот Ц и антоцијанот (пигмент растворлив во вода) имаат значајна улога.

Од аронијата најчесто се приготвува сок, мармалад, џем и сируп. Но, сувата аронија е вистински здрав појадок. Исто така, аронијата се употребува за приготвување на вкусен и здрав чај. Аронијата e богатство од минерали и витамини и содржи ниско ниво на шеќер. Употребата на аронијата има големи здравствени придобивки.

Аронијата ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува крвните садови, го подобрува колагенот, спречува алергии, го зајакнува респираторниот систем, го подобрува дигестивниот систем, го подобрува здравјето на желудникот, го штити црниот дроб, спречува појава на хронични заболувања итн.

Заштитете се од болести

Аронијата е значаен антиоксидант, бидејќи фенолните соединенија и витаминот Ц, играат значајна улога. Заштитете се од дегенерични заболувања и забавете го стареењето. Исто така, аронијата ќе Ви помогне во одржување на здравјето на кожата (ќе Ве заштити од сончевите зраци, загадената животна средина и остнатите штетни ефекти кои ја уништуваат кожата). Аронијата ќе Ве заштити од штетните ефекти предизвикани од оксидативните процеси.

Стомакот ќе Ви биде благодарен

Сушената аронија е богата со влакна. Тоа ќе придонесе за здрави црева и редовно одење во тоалет. Намалете го нивото на холестерол, изгубете ги килограмите, но во исто време одржете го нивото на шеќерот во крвта.

Спречете ја настинката

Ако сте од оние луѓе кои често се болни и настинуваат, тогаш аронијата ќе Ви помогне да го подобрите својот имунитет. Една лажица на ден од сушена аронија, ќе Ви помогне да заборавите на настинките и грипот. Аронијата има антивирусни својства и големо количество на витамин Ц. Употребувајте сушена аронија, чај од аронија или сок од аронија.

Намалете ги килограмите

Аронијата е богата со диетални влакна и хранливи материи. Таа има ниско ниво на масти и калории, а тоа ја прави идеална храна за оние кои сакаат да ги намалат килограмите. Чувствувајте се сити и здрави со помош на аронијата.

Подобрете го варењето на храната

Аронијата ќе помогне во движењето на храната низ цревата. Заборавете на затворот, грчевите, надуеноста, дијареата, односно заборавете на проблемите со дигестивниот систем и бактериите.

Спречете појава на рак

Антиоксидантните својства на аронијата ќе ги одржи клетките здрави, а тоа ќе придонесе за намалување на ризикот од појава на канцерогени клетки во организмот. Спречете ја можноста клетките да мутираат.

Спречете ги когнитивните пореметувања

Аронијата ќе Ви помогне да го намалите оксидативниот стрес во мозокот и да спречите појава на Алцхајмерова деменција и сите когнитивни нарушувања кои настануваат со процесот на стареење.

Заштитете ги очите

Со помош на аронијата ќе спречите појава на макуларна дегенерација и појава на катаракта.

Забавете го процесот на стареење

Разновидните компоненти во аронијата ќе придонесат за подобро здравје и изглед на кожата. Брчките и дамките се дел од процесот на стареење, но аронијата ќе ги спречи овие појави. Избришете ги годините, имајте здрава и сјајна кожа.

Исто така, аронијата помага во борбата со Кроновата болест, ХИВ, симптомите на ПМС и херпес. Кога станува збор за превенцијата од рак, тогаш мора да се напомене дека спречува појава на рак на дебелото црево, дојката, мозокот, мочниот меур, белите дробови, јајчниците и кожата.

Чување

Ако станува збор за свежа аронија, тогаш мора да ја чувате во фрижидер, можете да ја чувате една недела. Морате да ја исчистите, да ги фрлите влажните зрна, а пред да се употребува, морате да ја ставите во сад со ладна вода, неколку минути. Сушената аронија, мора да ја чувате на суво и темно место. Бидете здрави!

Advertisement