Намалете го стресот со помош на овој ароматичен чај!

Кога ќе го замените кафето со чај од липа, набрзо ќе почувствуваате намалување на стресот. Тајната на чајот од липа се крие во тоа што тој е нежен релаксант, особено ефикасен кај нервната напнатост.

Липата е лек за многу болести. Ароматичниот пијалок од цветот на липа е природен лек за смирување и опуштање, ги зајакнува одбранбените сили на организмот, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а се користи и при зголемена температура.

Многу жени ја употребуваат липата за време на менопаузата за да ја намалат нервозата и проблемите со сонот. Чај од липа можат да пијат и деца. Вкусот подобрете го со лажица мед.

Липата влијае против формирање на наслаги во крвните садови, како и благотворно влијае на коронарна вазодилатација, т.е. проширување на крвните садови, со што се намалува ризикот од срцев удар.

Потребна е претпазливост за луѓето кои пијат лекови за разредување на крвта, кои вообичаено се даваат при третирањето на понизок притисок и мозочен удар, како и други лекови за срцето, бидејќи липата може да го зголеми нивното влијание.

Липа се препорачува за проблеми со црниот дроб, и тоа не цветот, туку внатрешниот дел на кората, бидејќи го стимулира лачењето и протокот на жолчка низ црниот дроб, па така ја чисти и обновува на природен начин.

ДОКАЖАНИ ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА ЧАЈ ОД ЛИПА:

  • Го намалува крвниот притисок,
  • Многу добар е за ублажување на болка при мокрењето,
  • Го стимулира потењето и мокрењето,
  • Лечи од анемија,
  • Лечи од водени болести,
  • Ја чисти крвта и бубрезите,
  • Чајот е многу добар за настинки, грип и респираторни заболувања,
  • Лечи од хронично и грчевито кашлање,
  • Против грчеви,
  • За опуштање (ги опушта напнатите нерви и овозможува добар сон),
  • Лечење на епилепсија,
  • Го спречува воспалението на белите дробови и душникот,
  • Лекување на камења во бубрезите,
  • Отстранува брчки и флеки од кожата на лицето,
  • Го спречува губењето на коса,
  • Изгореници и рани е добро да се исплакнат и обложуваат со чај,
  • Ја подобрува столицата и многу други добри својства на овој пијалок.

Подготовка:

Лажичка од растението или филтер кеса се прелива со 0,2 л врела вода. Покријте го и оставете да отстои 5 до 10 минути. Процедете и пијте свежо подготвен чај.

Се загрева 0,2 литри вода додека не зоврие. Ставете една кесичка. Ако чајот не е во кесичка се става лажичка од липата. Се посипува врела вода. Оставете 10-15 мин. Процедете.

Се препорачува да се пие два пати дневно.

Можете да почнете со пиење на овој чај со благ и пријатен балсамик вкус.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ