Бамја (Hibiscus esculentus) е растение кое почнало да се одгледува во долината на реката Нил, пред нашата ера. Ова растение било популарно пред 3500 години, особено кај Египќаните, а го користела и Клеопатра, како маска за лице. И денес се користи во целиот свет поради својот уникатен вкус и широкиот начин на примена.

Ова растение е богато со витамин Ц, калиум и фолна киселина, а содржи и голема количина на влакна, кои се битни за добра дигестија, стабилизација на шеќерот во крвта и контрола на апсорпција на шеќерот во организмот. Некои видови на влакна делуваат во насока на намалување на холестеролот.

Бамјата е добра за безбедна и здрава бременост. Витамиот Б е одговорен за производство на нови клетки, што спречува вродени дефекти кај бебиња и им помага да растат и да се развиваат правилно.

Го подобрува здравјето на бубрезите. Се смета дека со редовно консумирање на бамја се намалува ризикот од болести на бубрезите, особено оние предизвикани од дијабетес.

Го подобрува здравјето на дебелото црево и е полна со диетални влакна. Витаминот А придонесува за здравјето на слузокожата на дигестивниот тракт, што му овозможува нормално функционирање. Исхраната богата со влакна може да помогне во спречување на разните видови на рак, вклучувајќи го ракот на дебелото црево и ректумот.

Содржи и витамин Ц, кој помага со респираторни заболувања како што е астма. Витаминот Ц влијае на здравјето и на младешкиот изглед на кожата, го забрзува растот и регенерацијата на ткивото. Ако направите маска за лице од бамја, лицето ќе ви омекне, а резултатите ќе бидат видливи веднаш.

Бета каротенот и витаминот Ц се антиоксиданси, кои помагаат во спречување на клеточните промени, кои доведуваат до појава на канцерогените израстоци. 

Антиоксидантите помагаат во спречувањето на создавање на наслаги на виталните артерии и на тој начин го спречуваат срцевиот инфаркт и мозочниот удар.

Бамјата се употребува и во кујната. Може да се користи свежа, сушена, замрзната, маринирана, како чај, тинктура и сл. Се додава во различни видови супи, чорби, месо, салати. Најчесто се комбинира со јагнешко. Постојат бројни начини на подготовка и рецепти кои се разликуваат од земја до земја.

Половина шолја бамја обезбедува:

  • 10 проценти од дневно препорачаната доза бета каротен
  • 20 проценти од дневната потреба на витамин Ц
  • значителна количина калиум

Клинички е докажано дека бамјата содржи mioxinol, природна алтернатива за ботокс, но за разлика од ботоксот кој се вбризгува со инјекција, активните супстанци на бамјата немаат несакани ефекти. Во себе има одредени состојки кои предизвикуваат мазност и затегнатост на кожата. Таа во себе има природен ботокс кој ги намалува мускулните контракции, ги релаксира, исто така ги неутрализира ефектите на штетните радикали и спречува стареење на кожата.

 

 

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!