
Во ерата на вирусот корона, сите ни кажуваат дека хигиената е единственото нешто што може да нè спречи од оваа растечка опасност.
Ако сте биле надвор во град: продавница, аптека, на работа или во јавен превоз, ви препорачуваме да го направите следново: На јавни места, не заборавајте да носите хируршки ракавици и маска. Во отсуство на истото, облечете ги зимските ракавици и ставете марама над носот и устата.
Избегнувајте контакти (ракување, гушкање) и не потпирајте се на која било површина. Избегнете го присуството во градскиот превоз.
Кога ќе се вратите дома:
- Соблечете ги чевлите надвор пред вратата.
- Извадете ги ракавиците (ако носите ракавици за еднократна употреба тие се фрлаат во корпа и зимските ракавици мора да се мијат во машина за перење на 60 степени Целзиусови).
- Отстранете ја маската (или доколку носите марама исперете ја во машината за перење).
- Соблечете ја облеката и ставете ја целата во перална, освен вашата јакна.
- Измијте ги рацете темелно.
- Користете хартија раце за да се избришете или пешкир што е лично ваш, кој ќе го менувате секој ден.
- Испрскајте ги чевлите со асепсол и оставете ги пред вратата (можете да наполните плиток леген со млака вода и средство за дезинфекција, а потоа во него да ги измиете чевлите).
- Дезинфицирајте ги вратите, рачките, бравите, прекидачите, ѕвончињата итн.
После сето ова, повторно измијте ги рацете со сапун и вода.
Само кога ќе го направите ова, можете да го поздравите семејството.
Забелешка: Додека вирусот трае, се препорачува сите членови на домаќинството да имаат своја крпа за раце и лице што ќе се менува на крајот на денот.
Приборот за јадење мора да биде добро измиен и стерилизиран.
Работите што ги носиш од продавниците мора внимателно да ги донесеш во домот. На пример, храната што е во конзерва, јогурт, млеко и шишиња сок мора да се измијат пред да се стават во ладилник.
Внимавајте на хигиената, тоа е половина здравје!