За да ја подобрите крвната слика, пригответе си природен лек по овој рецепт

Понекогаш се чувствувате слабо, уморно или изнемоштено? Ова се знаци дека веројатно треба да ја проверите к рвната слика. Доколку се утврди дека сте анемични, мора да преземете чекори за подобрување на к рвта, зошто речиси сé од неа започнува.

Постојат различни начини за подобрување на кр-вната слика кои честопати ги објавуваме на НМД.мк, а рецептот кој ќе ви го откриеме денес е еден од најквалитетните. Со редовната употреба на овој напиток во голема мера ќе ја подобрите состојбата на организмот и к рвната слика. Природен пијалок за зголемување на бројот на црвени к рвни клетки и подобрување на к рвната слика.

Потребни состојки: 1 кг цвекло, 0,5 килограми моркови, сок од еден лимон, 2-3 портокали, 2 јаболка, 500 грама ливадски мед. Постапка: исечкајте ги цвеклото, јаболката и морковот на мали парчиња и измиксајте ги заедно во блендер. Исцедете го сокот од лимонот и портокалот и додајте го во претходната смеса. На крај додајте ливадски мед.

Измешајте сè добро додека медот да се соедини со сокот и да се растопи целосно. Ако сакате, можете да додадете повеќе портокали, бидејќи нивната цел во овој рецепт е да го подобрат вкусот и мирисот на напитокот. Складирајте ја течноста во стаклени шишиња. Како што веќе спомнавме, ќе добиете околу 2 литри од овој напиток, што треба да биде доволно за 15 до 20 дена. Кога и колку да се земе овој напиток:

Пијте околу 100 мл од напитокот секое утро на празен стомак додека целата количина да ја потрошите.. Овој рецепт можете да го приготвувате двапати годишно (најдобро наесен и напролет), и тоа би требало да биде доволно за убаво да го зајакнете организмот.

Не само што ќе се подобри к рвната слика, туку ќе ревитализира целиот организам, ќе се обноват и подобрат функциите во дигестивниот систем, кожата ќе ви се исчисти и ќе стане посјајна, косата исто така. Пролетно и летно време, исто така, можете да берете коприва од еколошки чиста средина и да си приготвувате лековит сок:

ВЛИЈАНИЕ НА КАШЕСТИОТ СОК ОД КОПРИВА ВРЗ ЗДРАВЈЕТО: Бидејќи копривата е една од билките со најголем број лековити својства, се препорачува секојдневно да се пие овој природен сок, но не повеќе од една чаша. Ги има следните позитивни дејства:

Ја помага работата на цревата; ја подобрува кр-вната слика, па би требало да го консумираат лица со анемија, а може да помогне и при најтешките заболувања на кр-вта, како леукемија. Му помага на организмот да се опорова после т ешки болести, опера-ции и други ст-ресни ситуации; позитивно делува врз работата на бубрезите, црниот дроб, белите дробови и панкреасот.

Го јакне имунитетот и му помага на организмот во бор-бата против настинки, вируси и слично; го регулира нивото на шеќерот во кр-вта, па особено им се препорачува на дијабетичарите. Помага во исфрлање на вишокот течности и забрзување на дигестијата; лекува уринарни и респираторни инфекции; ублажува алергии и астма; помага при болести на коските; ја јакне надбубрежната жлезда.

Ублажува симптоми од желудочни тегоби; во козметиката има широка примена, бидејќи го подобрува здравјето и квалитетот на кожата и косата; спречува опаѓање на коса; го опоравува организмот, ја враќа енергијата и ја зголемува издржливоста.

НУТРИТИВНА ИНФОРМАЦИЈА – Сокот од коприва е богат со минерали: железо, калциум, фосфор, витамин А, витамин В2, витамин Ц, органски киселини, флавоноиди, билни масти, билни јаглени хидрати и билни белковини. Доколку се консумира секојдневно околу 200 мл од овој напиток, позитивните резултати би требало да бидат видливи за еден месец.

КАШЕСТ СОК ОД КОПРИВА – За овој рецепт потребен ви е блендер. За берење на копривата користете заштитни ракавици или кеса. Копривата берете ја од чист и незагаден предел, далеку од сообраќај. Листовите се зрели кога билката ќе достигне висина од 20 см и тогаш се најквалитетни.

Кога ќе се набере копривата е потребно да се испере неколку пати со ладна вода. За сок се користат листовите од копривата, односно врвовите од билката. За овој рецепт ви се потребни свежи листови.

Потребни состојки: 2 полни раце коприва и 250 мл врела вода. Постапка: состојките ставете ги во блендер и заедно измиксајте. Добиената содржина процедете ја низ цедалка и газа. Засладете со мед, шеќер, стевија или нешто друго. Кон.сумирајте веднаш.

СОВЕТ: Препорачана доза е една чаша дневно (200 мл). За вкусот може да се каже дека потсетува на чорба од спанаќ, па и покрај лековитоста, на некои не им одговара. Доколку правите поголема количина за да имате за подоцна, сокот би требало да го замрзнувате.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност: Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи.

Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.

Извор: NMD.mk

Advertisement